Финансиска контрола
Оваа услуга за вас опфаќа целосна контрола на вашата сметководствена даночна и друга евиденција согласно со важечката законска легислатива. Поставувањето на сметководствен систем и стратегии за постигнување на вашите финансиски цели.
Преку една финансиска контрола на вашето работење ние работиме со вас заедно преку целата година антиципирајќи ги сите проблеми пред тие да настанат и не се соочуваме со нив откако тие ќе се случат.
Нашата цел е прецизна, соодветна и навремена контрола која ја практикуваме на дневна, неделна или месечна основа (зависно од бизнисот) со цел да го доближиме сметководството до менаџментот и да ви покажеме дека со редовно следење на бројките од сметководствената евиденција може да добиете корисна алатка во вашето работење и во процесот на вашето планирање.
Финансиската контрола е многу посилна доколку сте дел од системот на нашето интегрирано софтверско решение.