За почеток:
Со наша поддршка ќе го развиете вашиот бизнис план за стратешки развој и ќе добиете поддршка за да го имплементирате истиот.
Нашиот пристап е фокусиран кон потребите и очекувањата на директорите.
Заедно можеме да дефинираме стратегија за почеток на нов бизнис, тековна поддршка, развој и контрола.
Ние ќе ви ја овозможиме потребната помош, од еден неформален разговор за размена на идеи, до редовни месечни или квартални прегледи со цел да ви помогнеме за да развиете детален план за развивање на вашиот бизнис.
Со нашите услуги ќе добиете вистинска слика за резултатите од вашиот бизнис, развојните трендови, и навремената идентификација на било кој проблем или можност за профит. Нашиот пристап е да ги користиме бројките и да ги претвораме во една корисна и силна алатка на менаџментот со која ќе остварувате подобри резултати. Воедно можеме да ви помогнеме да поставите системи за контрола на вашето работење.
Во оваа област ви нудиме:
Административна поддршка и консултации во процесот на отварање на фирмата (совети за најпогодната форма за регистрирање на фирма за нов бизнис)
Подготовка на инвестициони и бизнис планови
Финансиски анализи кои вклучуваат пресметки на показатели според меѓународните сметководствени стандарди. Дозволете со нашето толкување на финансиските податоци преку финансиските анализи и показатели за ликвидноста, солвентноста, профитабилноста да ви дадеме професионална и стручна анализа на вашите финансиски активности и да придонесеме кон развивање на вашиот бизнис.