Нашата цел е:
Преку едно навремено даночно планирање да се заштеди капитал и средства за идно инвестирање.
Со нас ќе добиете проактивен совет и насоки за дејствување. Со нашиот тим ќе добиете јасно објаснување на сложените даночни закони и совети како да ги имплементирате во вашето работење.
Ние ги опфаќаме сите аспекти на корпоративното оданочување, ДДВ и персонален данок, од нивната пресметка до поднесувањето на апликациите, поврат на данок и слично, сето ова точно и ефикасно.
Со нас добивате идентификување на можностите за даночни заштеди преку иновативни и софистицирани пристапи.
Ние ја интегрираме контролата на финансиските резултати со даночна контрола со цел да обезбедиме дека е во согласност со важечките даночни барања.
Со нашата помош можете да обезбедите ефективно даночно планирање, точна даночна евиденција и максимизирање на вашиот профит преку минимизирање на даночната изложеност запазувајќи ги законските рамки.
Во оваа област ви нудиме:
Даночно планирање -
Со нашите консултации можеме да ви помогнеме со совети за начинот на кои ќе го планирате даночното оптеретување значително пониско а сепак да oстварувате профити. Можеме да ви помогнеме во подготвувањето на вашата програма за даночно оптеретување и да идентификуваме специфични потреби за вашиот бизнис, стратегија, буџет и стил.
Ефикасна стратегија за намалување на даночното оптеретување -
Со нашите консултации за поставување на стратегија за намалувањето на даночното оптеретување добивате корисни совети за тоа како да задржите поголем дел од профитот за вас. Ние ви нудиме специјализирани и стручни совети затоа што ние секојдневно ги следиме сите даночни законски прописи кои се однесуваат на вас. Луѓето како нас заинтересирано ги следат законите од првиот до последниот член. Затоа ние знаеме кои се најновите промени и ние знаеме да ви заштедиме само преку нашите даночни советувања.